Свет Европа остана обединета

Фон дер Лајен: Влегувањето во ЕУ ќе биде најголемата победа за Украинците

Влегувањето во ЕУ ќе биде најголема победа за Украинците, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур.

Фон дер Лајен: Влегувањето во ЕУ ќе биде најголемата победа за Украинците

Таа зборуваше во пресрет на состанокот на Европскиот совет во Брисел утре и в петок, кога ќе се разговара и за проширувањето на ЕУ.

Фон дер Лајен, времето од почетокот на руската инвазија на Украина, го нарече „две болни години“.

-Се сеќаваме на сета болка што (рускиот претседател Владимир) Путин со енергетските уцени им ја нанесе на невините Украинци, како и на Европејците. Во овие мрачни денови, имаше светлина и во храброста на украинскиот отпор, во радоста на ослободените од руската окупација, во симпатиите на целиот европски континент со украинското општество. Европа остана обединета, Украина се спротивстави и затоа што Европејците ги отворија своите срца и домови, поради европската финансиска и воена помош, посочи таа.

Најнови вести од Свет

To top