Свет Поради приливот на мигранти

Фон дер Лајен ја посети затворената финско-руска граница: Ова е безбедносно прашање за целата ЕУ

„Не се работи само за безбедноста на Финска, туку и за безбедноста на Европската унија. Ние сме во ова заедно“, рече таа.

Фон дер Лајен ја посети затворената финско-руска граница: Ова е безбедносно прашање за целата ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека одлуката на Финска да ја затвори границата со Русија поради приливот на мигранти е безбедносно прашање што треба да го разгледа целата Европска унија.

Фон дер Лајен денеска го посети граничниот премин Лапенрант со финскиот премиер Питер Орп.

„Сите знаеме како (рускиот претседател Владимир) Путин и неговите сојузници ги инструментализираат мигрантите за да ја тестираат нашата одбрана и да се обидат да не дестабилизираат“, рече Фон дер Лајен за време на обиколката на границата.

Таа додаде дека Путин сега се фокусира на Финска, поради „цврстата поддршка“ на таа земја за Украина, која беше нападната од Москва пред повеќе од две години и за нејзиниот пристап во НАТО.

„Не се работи само за безбедноста на Финска, туку и за безбедноста на Европската унија. Ние сме во ова заедно“, рече таа.

На 4 април, Финска одлучи да го продолжи затворањето на граничните премини кон Русија „до понатамошно известување“ поради, како што објави Владата, високиот ризик од организирана миграција оркестрирана од Москва.

Финската влада затвори осум од девет гранични премини со Русија. Единствениот што остана отворен е наменет само за железнички сообраќај, а таму одат претежно товарни возови.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top