Свет Европска комисија

Фон дер Лајен изрази сочувство за жртвите во Кран-Монтана

Европа е во целосна солидарност со Швајцарија, додаде Фон дер Лајен во објавата.

Фон дер Лајен изрази сочувство за жртвите во Кран-Монтана

Длабоко сум натажена поради пожарот во Кран-Монтана и моите мисли се со жртвите, нивните семејства и сите засегнати, наведе доцна попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објава на Икс.

– Соработуваме со швајцарските власти за да им обезбедиме медицинска помош на жртвите преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Европа е во целосна солидарност со Швајцарија, додаде Фон дер Лајен во објавата.

Според последните податоци, во пожарот што избувна во бар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана во текот на новогодишната ноќ загинаа околу 40 лица, а најмалку 115 се повредени.  (МИА)

To top