Свет

Фон дер Лајен им честиташе на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори

Фон дер Лајен им честиташе на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.

„Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности“, објави Фон дер Лајен на платформата Икс.

Минатата недела земјите-членки на ЕУ ги одобрија преговарачките рамки за пристапување на Украина и Молдавија во Унијата.

To top