Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека Словачка „не е слуга на Украина“ и дека ги смета потезите на Киев за непријателски, најавувајќи како прв одмазднички чекор прекин на вонредното снабдување со електрична енергија на Украина, предупредувајќи дека спорот може да влијае и на европската интеграција на земјата.
„Му велам на Зеленски повторно, Словачка не е слуга на Украина“, рече Фицо, оценувајќи дека постапките на Киев се непријателски, пренесуваат словачките медуми.
Освен енергетскиот спор, Фицо предупреди и на можни компликации поврзани со европската интеграција на Украина.
Тој ја услови поддршката за влезот на оваа земја во Европската Унија не само со спроведување реформи, туку и со „промена на однесувањето“ на претседателот Зеленски.
Словачкиот премиер отфрли какво било „дивеење“ во процесот на проширување на Европската Унија и нагласи дека Словачка нема едноставно да „крене рака“ во процесот на донесување одлуки.
Снабдувањето со руска нафта за Словачка преку нафтоводот „Дружба“, кој транзитира низ Украина, беше прекинато на почетокот на февруари.
На 18 февруари, словачката Влада прогласи вонредна состојба поради недостиг на нафта, а Фицо рече дека побарал прекин на итното снабдување со електрична енергија за Украина.