Свет Турција

Фидан: Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори помеѓу Русија и Украина

Фидан ги потенцира ризиците од продолжување на војната, како по земјите од регионот, така и на меѓународен план.

Фидан: Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори помеѓу Русија и Украина

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров повтори дека Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори помеѓу Русија и Украина.

Како што се наведува во соопштението од турското Министерство за надворешни работи, Фидан ги потенцира ризиците од продолжување на војната, како по земјите од регионот, така и на меѓународен план.

Двајцата министри разговарале и за енергетската безбедност. (МИА)

Теми на денот

To top