Свет изјава

Фидан: Турција се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека Турција се спротивставува на „каква било воена интервенција во Иран“ и го повика Техеран да „ги реши своите внатрешни проблеми“.

„Не сакаме да видиме никаква интервенција тука, но кога ќе ја погледнете политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, досега не сме виделе силна склоност кон употреба на копнени сили“, рече Фидан.

Фидан зборуваше на прес-конференција во Истанбул и додаде дека настаните во Иран имаат „меѓународна димензија бидејќи Техеран е под санкции“, објави Анадолија.

„Она што тука е збунувачко е тоа што тешкотиите со кои се соочуваат луѓето поради економски и други проблеми може да изгледаат како идеолошко востание против режимот, всушност, ова е сива зона“, додаде Фидан.

To top