Свет ТМНР

Фидан: Турција не е вмешана во операцијата на вооружената опозиција во Сирија

енерално, Асад беше корисен играч за Израел, рече турскиот министер за надворешни работи.

Фидан: Турција не е вмешана во операцијата на вооружената опозиција во Сирија

Турција не учествуваше во операцијата на вооружената опозиција во Сирија што доведе до пад на режимот на Башар ал Асад, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

– Турција не беше дел од таков процес. По почетокот на операцијата од страна на Хајат Тахрир ал-Шам и другите опозициски групи, вложивме интензивни напори таа да биде спроведена на најбескрвен начин и без проблеми. Пред ова не сме се обединиле со ниту една земја или група, ниту сме учествувале во планирање на таква операција, рече Фидан.

Според него, немало средба меѓу него или други турски претставници со поранешниот сириски претседател Асад со цел да се разговара за нормализација на односите меѓу Анкара и Дамаск, иако такви обиди неколкупати биле правени со посредство на трети земји.

Фидан, исто така, истакна дека Израел никогаш не сакал Асад да се повлече од функцијата.

– Генерално, Асад беше корисен играч за Израел, рече турскиот министер за надворешни работи.

To top