Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан вчера телефонски разговарал со колегите од Египет и Иран, како и со претставници на САД и Европска Унија за завршување на војната против Иран.
Како што соопшти турското Министерство за надворешни работи, Фидан имал одделни телефонски разговори со иранскиот и египетскиот министер Абас Арагчи и Бадар Абделати, Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас и со претставници на САД.
Но, не се соопштени детали за телефонските разговори на Фидан. (МИА)