Свет Турска дипломатија

Фидан по посетата на Москва ќе отпатува за Киев

Фидан во Киев повторно ќе понуди Турција да биде домаќин ан понатамошните преговори помеѓу Русија и Украина.

Фидан по посетата на Москва ќе отпатува за Киев

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан утре ќе отпатува во посета на Украина.

Фидан за време на дводневната посета на Киев предвидено е да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со премиерот Денис Шмигал, со министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана и главен преговарач Рустем Умеров.

Фидан во Киев повторно ќе понуди Турција да биде домаќин ан понатамошните преговори помеѓу Русија и Украина.

Турскиот министер за надворешни работи на 26 и 27 мај беше во посета на Москва, при што се сретна и со рускиот претседател Владимир Путин, со рускиот колега Сергеј Лавров и со главниот преговарач Владимир Медински.

Во преговорите кои траеја малку помалку од два часа, Русија и Украина се договорија да разменат по 1.000 воени заробеници, што е најголема размена досега, а исто така се договорија да разменат детални предлози за прекин на огнот.  (МИА)

To top