Свет САД

ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот советник на Трамп, Болтон

Припадници на Федералното истражно биро (ФБИ) денеска извршија претрес во домот на Џон Болтон во американската сојузна држава Мериленд

ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот советник на Трамп, Болтон

Припадници на Федералното истражно биро (ФБИ) денеска извршија претрес во домот на Џон Болтон во американската сојузна држава Мериленд.

Според американските медиуми, кои се повикуваат на анонимни извори, Болтон е под истрага за неправилно постапување со доверливи документи. Тој не е приведен.

Болтон беше советник за национална безбедност за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп, а сега важи за еден од пожестоките негови критичари.

Трамп претходно му ја укина заштита од Тајната служба, а Болтон истакна дека е разочаран, но не и изненаден од таквиот чекор.

To top