Американското Федерално истражно биро (ФБИ) изврши претрес во њујоршкиот дом на поранешниот инспектор за оружје на Обединетите нации, Скот Ритер, како дел од федералната истрага, соопштија официјални лица.
Портпаролката на ФБИ изјави дека агентите ја спровеле рацијата како дел од федералната истрага, одбивајќи да даде детали бидејќи истрагата е во тек.
Ритер, кој е осуден за сексуален престапник, им рече на новинарите надвор од неговиот дом по рацијата дека налогот се фокусирал на потенцијални прекршувања на Законот за регистрација на странски агенти. (МИА)