Свет

Фархан: Саудиска Арабија го задржува правото на воен одговор на иранските напади

Саудиска Арабија не ја исклучи можноста за воен одговор на ракетните напади и напади со дронови од страна на Иран, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фаисал бин Фархан.

Обраќајќи им се на новинарите по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од регионот во Ријад, принцот Фаисал рече дека Иран „се обидува да изврши притисок врз своите соседи“ со нападите, пренесува Галф њуз (Gulf News).

– Кралството нема да подлегне на притисокот, напротив – тој притисок ќе се врати како бумеранг … и секако, како што јасно кажавме, го задржуваме правото да преземеме воени акции доколку тоа се смета за неопходно, истакна тој.

Американско-израелските напади врз Иран почнаа на 28 февруари и покрај индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон во врска со иранската мирнодопска нуклеарна програма.

Иран возврати со масовни ракетни удари и напади со дронови, гаѓајќи ги американските бази во регионот и воени цели во Израел.

To top