Свет

ЕУ закажа итен самит за поддршката на Украина

ЕУ закажа итен самит за поддршката на Украина

Земјите-членки на ЕУ треба да ја потврдат својата решеност да продолжат да и помагаат на Украина онолку колку што е потребно на вонреден самит в четврток, се вели во нацрт-заклучоците на Европскиот совет.

„Европскиот совет потсетува на своите претходни заклучоци и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да продолжи со обезбедување силна политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка за Украина и нејзиниот народ онолку долго колку што е потребно“, се вели во нацрт-заклучоците, пренесува Хина.

Нацртот, исто така, ја наведува решеноста на ЕУ и земјите-членки да обезбедат „навремена, предвидлива и одржлива воена поддршка за Украина, особено преку Европскиот мировен фонд (ЕПФ) и Мисијата за воена помош на ЕУ, како и преку директна билатерална помош на државите членки, во согласност со потребите на Украина“.

Во текстот се споменуваат и дополнителни 5 милијарди евра воена помош за Украина преку Европскиот мировен инструмент, но оваа сума сè уште е предмет на промена.

Документот, исто така, ја повторува итната потреба да се забрза испораката на муниција и проектили. ЕУ вети дека ќе и испорачува на Украина по еден милион парчиња артилериска муниција годишно, но се уште е далеку од таа цел.

Лидерите на земјите-членки ќе се сретнат во четврток на вонреден самит во Брисел, каде главни теми ќе бидат разгледувањето на седумгодишниот буџет, кој вклучува пакет помош за Украина од 50 милијарди евра за следните четири години, воена помош за Украина и за ситуацијата на Блискиот Исток.

To top