Европската унија денеска соопшти дека е „од суштинско значење да се обезбеди непречена и мирна транзиција кон демократски избрана влада“ во Бангладеш, каде протестите ја принудија премиерката Шеик Хасина Вазед да поднесе оставка денеска и да ја напушти земјата. Демонстрантите ја нападнале нејзината резиденција, пренесе БТА.
Граѓаните кои протестираа против владата на Хасина беа репресирани во последните недели, при што беа убиени стотици луѓе. По денешното заминување на премиерот со воен хеликоптер, началникот на армијата, генерал Вакер уз Заман, најави дека ќе биде формирана привремена влада по консултации со претседателот на земјата, Мохамад Шахабудин.