Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази сочувство во име на Европската унија по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.
– ЕУ го изразува своето искрено сочувство за смртта на претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Абдолахиан, како и другите членови на нивната делегација и екипажот во хеликоптерска несреќа, напиша Мишел на Х.
– Нашите мисли се со семејствата, додаде тој.
Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан беа меѓу деветте лица кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во планинскиот северозападен дел на Иран при лоши временски услови.