Свет Европска комисија

ЕУ е подготвена да помогне во обновата на Сирија која ги штити сите малцинства, објави Фон дер Лајен

„Европа е подготвена да го поддржи зачувувањето на националното единство на сириската држава која ги штити сите малцинства“, напиша Фон дер Лајен на мрежата Икс.

ЕУ е подготвена да помогне во обновата на Сирија која ги штити сите малцинства, објави Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави дека ЕУ е подготвена да помогне во обновата на Сирија која ги штити сите малцинства по симнувањето од власт на сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Европа е подготвена да го поддржи зачувувањето на националното единство на сириската држава која ги штити сите малцинства“, напиша Фон дер Лајен на мрежата Икс.

Таа го опиша симнувањето од власт на Асад како историска промена за регионот што отвора можности, но не е без ризици. (МИА)

To top