Свет Предупредување

Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата.

Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе

На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна.

„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.

Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.

„Во моментов нема пречки во пристигнувањата и полетувањата на аеродромот Кефлавик“, се вели на неговата веб-страница.

Во последниве години имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

To top