Свет Борба против милитантите

Ердоган за терористичкиот напад во Анкара: Вооружените напаѓачи во Турција се инфилтрирале од Сирија

Ердоган додаде дека Турција ќе ја продолжи борбата против милитантите до крај. 

Ердоган за терористичкиот напад во Анкара: Вооружените напаѓачи во Турција се инфилтрирале од Сирија

Извршителите на вооружениот напад во Анкара, во кој неделава загинаа пет лица, во Турција се инфилтрирале од Сирија, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи пред турските новинари на враќање од самитот на БРИКС во Казан, Ердоган вети дека ќе го искорени тероризмот од неговиот извор во Сирија, пренесуваат британските медиуми.

Ердоган додаде дека Турција ќе ја продолжи борбата против милитантите до крај.

По терористичкиот напад во Анкара врз објекти на Турската авијација (ТАИ) во која загинаа пет, а ранети беа 22 лица, турските сили вчера погодија 47 локации поврзани со курдската милитантна Работничката партија на Курдистан (ПКК) во Ирак и Сирија.

ПКК за Анкара од 1984 година е терористичка организација .

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, соопшти Јерликаја. (МИА)

To top