Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е подготвена да ја обезбеди сета потребна помош за воспоставување траен прекин на огнот во Газа и изрази задоволство што е постигнат прекин на огнот во Либан.
Турција, која силно ги критикуваше нападите на Израел во Газа и Либан, претходно соопшти дека со групата Хамас разговарала за можен прекин на огнот во Газа и им дала препораки како да продолжат преговорите, објави Ројтерс.
На прашањето за изјавите на американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера рече дека САД повторно ќе се обидат да постигнат примирје во Газа во соработка со Турција, Египет, Катар, Израел и други земји, Ердоган ја повтори посветеноста на Турција на таа цел.