Свет Турција како посредник во конфликтот

Ердоган: Подготвени сме да дејствуваме како гарант во решавање на војната помеѓу Израел и Хамас

Турција е подготвена да дејствува како гарант за да помогне во решавањето на војната помеѓу Израел и Хамас, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средбата во Ташкент со иранскиот колега Ебрахим Раиси.

Ердоган: Подготвени сме да дејствуваме како гарант во решавање на војната помеѓу Израел и Хамас

Претходно, Ердоган на Самитот на Организацијата за економска соработка (ЕЦО), што се одржува во главниот град на Узбекистан, го обвини Израел за фанатизам во неговите акции во Појасот Газа.

Турскиот претседател првично се обиде да преземе улога на посредник во конфликтот помеѓу Израел и Хамас, за подоцна да го обвини Израел за злосторства против човештвото. Турција минатата недела го отповика својот амбасадор од Израел.

Додека Иран е најголемиот поддржувач на Хамас, снабдувајќи ја групата со оружје и обука на милитанти изминатите години.

Најнови вести од Свет

To top