Свет Турција

Ердоган: Би можел да разговарам со Путин и Трамп за средба во Истанбул

-Со телефонскиот разговор со Путин и Трамп оваа недела, ќе видиме дали можеме да ги собереме овие лидери во Истанбул, ќе се обидеме, изјави Ердоган за новинарите.

Ердоган: Би можел да разговарам со Путин и Трамп за средба во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека би можел да разговара со рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп оваа недела за да види дали би можеле да се сретнат во Истанбул за да разговараат за прекинување на војната во Украина.

-Со телефонскиот разговор со Путин и Трамп оваа недела, ќе видиме дали можеме да ги собереме овие лидери во Истанбул, ќе се обидеме, изјави Ердоган за новинарите.

Претставниците на Русија и Украина претходно се состанаа во Истанбул на 23 јули, во третата рунда разговори меѓу двете земји за прекинување на војната во Украина. (МИА)

Најнови вести од Свет

Теми на денот

To top