Свет Изјава

ЕП нема да ги набљудува претседателските избори во Азербејџан

ЕП ја повикува ЕУ да ја намали зависноста од увозот на гас од Азербејџан.

ЕП нема да ги набљудува претседателските избори во Азербејџан

Европскиот парламент нема да ги набљудува претседателските избори во Азербејџан, закажани за 7 февруари, ниту ќе се произнесе за резултатите, се наведува во заедничката изјава на Комитетите на ЕП за надворешни работи и развој.

-Ниту еден европратеник не е овластен да ги набљудува или коментира изборите во име на ЕП, и ако некој од европратениците одлучи да ги оцени, ќе зборува и ќе дејствува во свое име, се додава во изјавата.

ЕП во октомври минатата година изгласа резолуција со која се осудува Азербејџан за насилното заземање на Нагорно Карабах и повика на санкции и преразгледување на односите со Баку. Според ЕП акцијата на Азербејџан во Нагорно Карабах е етничко чистење што довело до раселување на повеќе од 100.000 етнички Ерменци. ЕП наведе дека ги прекинува сите преговори за обновено партнерство со Баку и размислуваат за прекинување на договорот за олеснет визен режим со Азербејџан.

ЕП ја повикува ЕУ да ја намали зависноста од увозот на гас од Азербејџан. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top