Свет тужба

Елон Маск преку тужба бара до 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft

Елон Маск не ја крие „лутината“ која ја има кон OpenAI и Сем Алтман, па поради тоа воопшто не сме изненадени од тужбата која тој ја поднесе против оваа компанија.

Елон Маск преку тужба бара до 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft

Елон Маск не ја крие „лутината“ која ја има кон OpenAI и Сем Алтман, па поради тоа воопшто не сме изненадени од тужбата која тој ја поднесе против оваа компанија.

Минатата недела Маск поднесе тужба против OpenAI и Microsoft, пред федерален суд во САД, за незаконско стекнување на добивка од страна на овие две компании. Поради тоа тој бара да биде исплатена штета кон него во вредност до 134 милијарди долари.

Маск смета дека треба да му биде исплатена оваа сума поради придонесот кој тој го имал при основањето на OpenAI. Без него, тој тврди дека не би постоела компанијата, а тој има придонесено со финансирање, неговиот углед, како и помош за развојот на бизнисот на почетокот.

Кратко кажано, Маск смета дека е клучен фактор за основањето и развојот на OpenAI, компанија која сега има огромни приходи, на кои тој смета дека има право.

Microsoft како еден од најголемите инвеститори во OpenAI исто така имаат големи придобивки од соработката, па затоа и оваа компанија е дел од тужбата.

Очекувано, OpenAI ги негира овие тврдења и ги смета за несериозни, а тие веќе ги предупредија акционерите да внимаваат за намерно претераните тврдења кои се очекува Маск да ги изнесува во периодот што следи.

Интересно е што поднесената тужба не е одбиена, па во април се очекува почеток на судењето каде Маск ќе треба да ги докаже твдењата, па ќе видиме во кој правец ќе оди случајот.

Инаку, еден од поголемите проблеми кои ги има Маск со OpenAI се директно поврзани со Сем Алтман и неговото водење на компанијата која на почетокот беше замислена како непрофитна.

To top