Свет тероризам?!

Експлозија за време на богослужба на Филипините: Има загинати, нападот бил извршен од исламистички терористи?

Четири лица загинаа, а 50 се ранети во експлозија што се случи во неделата на јужниот филипински остров Минданао за време на католичка миса во спортската сала на државниот универзитет.

Експлозија за време на богослужба на Филипините: Има загинати, нападот бил извршен од исламистички терористи?

Четири лица загинаа, а 50 се ранети во експлозија што се случи во неделата на јужниот филипински остров Минданао за време на католичка миса во спортската сала на државниот универзитет.

Мисата се одржа во Марави, најголемиот муслимански град во земјата.

Генералот Габриел Вирај, командант на воената дивизија, ја нарече експлозијата „тероризам, веројатно извршен од исламистички милитанти на групата Даула Исламија Мауте“.

Нападот го осуди претседателот на земјата, Фердинанд Маркос, кој вети дека екстремистите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Нападот уследи по воздушен напад на филипинската војска во петокот во кој загинаа 11 исламистички милитанти од организацијата Даула во Минданао.

Полицијата истражува дали нападот врз верниците бил одговор на воена операција.

Ланао дел Сур и Магуинданао дел Сур се делови од автономниот регион Бангсаморо во муслиманскиот Минданао.

Нападите на милитантите врз автобуси, католички училишта и продавници се карактеристични за немирите во регионот со децении.

Во 2014 година, официјална Манила потпиша мировен договор со најголемата бунтовничка исламистичка група во земјата, Националниот ослободителен фронт, ставајќи крај на нивниот крвав вооружен бунт.

Сепак, остануваат помали групи муслимански бунтовници кои се противат на мирот, вклучително и милитанти кои тврдат дека се поврзани со џихадистичката Исламска држава (ИСИС).

Во мај 2017 година, стотици вооружени странци и локални жители лојални на ИСИС го окупираа Марави. Филипинската војска го врати уништениот град под државна контрола по петмесечна битка во која загинаа илјада луѓе.

Најнови вести од Свет

To top