Свет коридорот ќе се случи многу брзо

ЕК создава поморски хуманитарен коридор за поддршка на населението во Газа

Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека израелските одбранбени сили (ИДФ) задржале конвој со храна од 14 камиони што бил испратен во Газа.

ЕК создава поморски хуманитарен коридор за поддршка на населението во Газа

Претседателката на Европската комисија Усрула фон дер Лајен планира неделава да отпатува за Кипар за да го поттикне формирањето на хуманитарен коридор за поддршка на населението во Газа преку овој остров во Средоземното Море, изјави денеска нејзиниот портпарол.

-Нашите напори се фокусирани на обезбедување помош за Палестинците, рече портпаролот за време на брифинг, пренесен од британските медиуми.

Тој додаде дека сите се надеваат дека отворањето на коридорот ќе се случи многу брзо.

Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека израелските одбранбени сили (ИДФ) задржале конвој со храна од 14 камиони што бил испратен во Газа.

-Иако денешниот конвој не стигна до северниот дел на Газа Програмата за храна продолжува да ги истражува сите можни начини тоа да го стори, рече заменик-извршниот директор Карл Скау.

Организацијата наведува дека камионите, откако силите на ИДФ ги запреле и ги пренасочиле, биле пресретнати од „голема толпа очајни луѓе кои ограбиле 200 тони храна од камионите“.

Копнените патишта се единствената опција за транспорт на големи количества храна потребни за да се спречи гладот ​​во северниот дел на Газа, соопшти хуманитарната агенција, додавајќи дека фрлањето храна со падобран е само привремена мерка што не може да го реши проблемот со гладот ​​во Газа.

To top