Свет

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, следен би можел да биде Балканот

„Мислам дека Владимир Путин ќе продолжи да маршира низ Европа ако му се дозволи тоа. Мислам дека Балканот би можел да биде следен, а тој исто така би можел да има пресметка со Полска или со некој од нашите сојузници во НАТО“, им рече Џонсон на новинарите во Конгресот.

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, следен би можел да биде Балканот

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајк Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да маршира низ Европа“ доколку тоа му биде дозволено и додаде дека следна цел може да биде Балканот.

„Мислам дека Владимир Путин ќе продолжи да маршира низ Европа ако му се дозволи тоа. Мислам дека Балканот би можел да биде следен, а тој исто така би можел да има пресметка со Полска или со некој од нашите сојузници во НАТО“, им рече Џонсон на новинарите во Конгресот.

Како што пренесува Њузвик, тој додаде дека попрво би испратил куршуми во војната против Русија отколку „американски момчиња“.

„Да бидам искрен, повеќе би сакал да испратам куршуми во Украина отколку американски момчиња. Мојот син ќе ја започне Поморската академија оваа есен. Ова е вежба со боева муниција за мене, како и за многу американски семејства“, рече Џонсон.

Тој посочи дека обезбедувањето помош за Украина е од клучно значење. „Верувам дека Си Џинпинг, Владимир Путин и Иран навистина се оска на злото“, рече Џонсон.

To top