Свет Гренланд

Џеј Ди Венс: Данска не си ја врши работата и не е добар сојузник

Данска, која го контролира Гренланд, не ја врши својата работа и не е добар сојузник, рече тој.

Џеј Ди Венс: Данска не си ја врши работата и не е добар сојузник

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изрази сомневање за начинот на кој Данска се справува со Гренланд за време на вчерашното интервју за Фокс њуз.

– Данска, која го контролира Гренланд, не ја врши својата работа и не е добар сојузник, рече тој.

Гренланд стана жешка тема во меѓународната политика откако американскиот претседател Доналд Трамп покажа интерес да го припои кон САД. Огромниот и ретко населен остров во арктичкиот регион е богат со ресурси.

Џеј Ди Венс исто така го потврди територијалниот интерес на САД за Гренланд.

– Ако тоа значи дека треба да имаме поголем територијален интерес за Гренланд, претседателот Трамп тоа ќе го направи, бидејќи не му е грижа што Европејците врескаат по нас, тој се грижи да ги стави интересите на американските граѓани на прво место, нагласи Венс.

Во својот говор пред Конгресот на 5 март, Трамп изјави дека Гренланд е важен за безбедноста на САД и дека би го поздравил Гренланд како 51-ва држава. Победникот на неодамнешните избори во Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен изјави дека Гренланд не сака да стане дел од САД.

Данската премиерка Мете Фредериксен се уште не одговорила на последните коментари на Џеј Ди Венс.

To top