Свет

Две жени повредени во уште еден масовен ноќен напад со дронови врз Одеса

Две жени се повредени во уште еден масовен ноќен напад со дрон врз Одеса, изјави началникот на градската воена администрација на Одеса, Сергеј Лисак, на својот Телеграм канал.

Тој рече дека службите за итни случаи спасиле вкупно четири лица, вклучувајќи две жени кои добиле медицинска помош.

„Имаше штета на цивилната и индустриската инфраструктура во два округа на градот. Како резултат на гранатирањето, оштетена е двокатна станбена зграда: покривот е уништен, подовите во становите се оштетени, бранот на експлозијата скрши прозорци во соседните згради и оштети автомобили“, рече Лисак во соопштението.

Штета е предизвикана во училиште и градинка, како и во административна зграда на индустриска локација, каде што избувна пожар.

Општинските служби ги отстрануваат последиците од нападот. На местото на нападите е распореден оперативен штаб, каде што жителите на оштетените станбени блокови можат да добијат психолошка поддршка и да се загреат, се наведува во информацијата од началникот на градската воена администрација.

To top