Две лица се полесно повредени во ракетен напад што Хамас денеска го изврши од Газа во централен Израел.
Службата за брза помош Маген Давид Адом соопшти дека две жени на 30-годишна возраст биле погодени од шрапнел и оти се во добра состојба. Тие се пренесени во болницата Асаф Харофех.
Израелската армија соопшти дека во нападот биле лансирани пет ракети од јужниот дел на Газа, Кан Јунис.
Во централниот дел на Израел, вклучително и Тел Авив се огласиле сирени за тревога.
Хамас ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз централен Израел, велејќи дека цел бил Тел Авив.