Свет JetBlue

Две мртви лица пронајдени во делот за тркала на патнички авион што слетал во Флорида

Телата биле пронајдени во понеделникот за време на стандардна проверка по слетувањето на авионот, јавија синоќа дел од американските медиуми. Авионот полетал од меѓународниот аеродром Кенеди во Њујорк.

Две мртви лица пронајдени во делот за тркала на патнички авион што слетал во Флорида

Две тела биле пронајдени во делот за тркала на авион на авиокомпанијата „JetBlue“, на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл на Флорида.

Ова е втор сличен случај во САД во изминатиот месец.

Телата биле пронајдени во понеделникот за време на стандардна проверка по слетувањето на авионот, јавија синоќа дел од американските медиуми. Авионот полетал од меѓународниот аеродром Кенеди во Њујорк.

Од авиокомпанијата соопштија дека се спроведува истрага за околностите под кои починатите лица се нашле во авионот. Болничарите констатирале смрт на двете лица на самото место, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Бровард, истакнувајќи дека станува збор за мажи.

Според веб-страницата FlightAware.com, пред летот Њујорк – Форт Лодердејл, авионот претходно престојувал во Кингстон на Јамајка и Солт Лејк Сити, соујзна држава Јута. Се претпоставува дека лицата се качиле во авионот во Јамајка.

При крајот на декември едно тело беше пронајдено во делот за тркала на авион на „Јунајтед Ерлајнс“, што летал од Чикаго за Хаваи. (МИА)

To top