Две лица се убиени, а повеќе од 20 се повредени во руски напади врз северните и централните делови на Украина, соопштија регионалните власти.
Во областа околу градот Полтава едно лице загинало, а три се повредени кога врз нив паднале остатоци од беспилотни летала, при што е оштетена и станбена зграда, објави регионалниот гувернер Виталиј Дијакнивнич на социјалната мрежа „Телеграм“.
Во соседната Дњепропетровска област, едно лице е убиено во близина на градот Никопол во напади со дронови и артилерија, додека две лица се повредени во самиот град, а вкупно 12 во регионот, соопшти гувернерот Олександр Ганжа.
Руските сили извршиле и два напада со таканаречени „лизгачки бомби“ врз Сумската област, во близина на границата со Русија, при што се повредени 13 лица, меѓу кои и шестгодишно дете, изјави регионалниот гувернер Олех Хрихоров. Оштетени се 15 куќи.
Според високорангирани претставници на руската армија, нападите се во насока на воените активности за формирање таканаречени тампон-зони во Сумската и соседната Харкивска област.