Две лица синоќа беа убиени, а неколку ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон – соопшти гувернерот на американската држава Кентаки, Енди Бешир.
Локалната полициска станица објави дека единствениот осомничен за нападот е убиен, додека еден полицаец бил ранети, но по добиената медицинска помош тој е во стабилна состојба.
Првично вчераутро бил ранет полициски службеник на патот што го поврзува аеродромот Блу Грас со округот Фајет, соопшти полицијата. Осомничениот потоа избегал во баптистичка црква оддалечена околу 27 километри, каде што убил две и повредил неколку лица.
Полицијата во Лексингтон потврди поврзаност на двата вооружени настана.
– Ве молиме да се молите за сите оние што се погодени од овој бесмислен чин на насилство – рече гувернерот Бешир.