Свет лондонски аеродром

Два авиона се судрија со крилата на пистата на аеродромот Хитроу

-Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу.

Два авиона се судрија со крилата на пистата на аеродромот Хитроу

На лондонскиот аеродром Хитроу се случи инцидент кога два авиони се судрија на пистата, објавија денеска британските медиуми.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на „Вирџин Атлантик“ со крилото допира авион на „Бритиш ервејс“. Боингот 787-9 на „Вирџин“ го завршил својот лет и се движел кон паркинг просторот на аеродромот, а во моментот на инцидентот немало патници.

„Вирџин“ започна истрага за причините за падот и авионот е изваден од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото. Авионот на „Бритиш ервејс“ бил во мирување во моментот на инцидентот и бил на преглед од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.

-Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу.

Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет, изјави портпаролот на „Вирџин Атлантик“.

Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на „Јунајтед ерлајнс“ се судрија, а нема повредени.

Најнови вести од Свет

To top