Податоците од најновата анкета на Социолошкиот центар „Социс“, наводно направена во февруари 2025 година, покажа дека 63 отсто од Украинците се против одржување какви било избори додека не заврши војната, пренесе „Украинска правда“. Анкетата доаѓа како нарачана за Зеленски. Аналитичарите изразуваат и основан сомнеж во нејзината веродостојност. Во Македонија, би ја правел Спасов, коментираат по социјалните мрежи. Други, пак, се пресреќни што го лоцирале Спасов, кој така „случајно“ изчезна од „радарот“. „Бевме загрижени, многу. Ете кај бил пустиот, во Киев“, се шегуваат граѓаните….
„Помалку од еден отсто од испитаниците поддржуваат одржување само претседателски избори, околу три отсто се за реизбор само на Врховната Рада (украинскиот Парламент), а уште 29 отсто сакаат истовремено да ги изберат Радата и шефот на државата. Но, повеќе од 63 отсто се против какви било избори додека не заврши војната.
Како што пишува украинскиот портал, претседателот Володимир Зеленски изјавил дека е подготвен да разговара за избори во земјата, но Украинците не сакаат поради загриженоста дека укинувањето на вонредната состојба може да ја ослаби одбраната на земјата.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп, давајќи изјави за новинарите во Мар-а-Лаго, рече дека ги поддржува барањата на Русија за претседателски избори во Украина, бидејќи, поддршката за украинскиот лидер паднала на четири отсто.
Украинскиот претседател изјави дека Трамп станал жртва на руските дезинформации. Потоа, Трамп го нарече Зеленски диктатор и рече дека мора брзо да дејствува доколку сака Украина да опстане како земја.
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека изборите во Украина мора да се одржат и дека тие сега се дел од американската политика.