Свет поради зголемените испораки за Украина

Драстично зголемен извозот на германско оружје и опрема во првите три месеци од 2024 година

Од почетокот на јануари до 27 март Владата на канцеларот Шолц одобри извоз на воена стока во вредност од најмалку 4,89 милијарди евра. Во првата половина на 2023 година беа одобрени пратки во вредност од 5,22 милијарди евра.

Драстично зголемен извозот на германско оружје и опрема во првите три месеци од 2024 година

Вредноста на одобрениот германски извоз на оружје и воена опрема во првите три месеци од годината речиси ја достигна вредноста од првата половина на рекордната 2023 година, пред се, поради зголемените испораки за Украина, јави Хина.

Од почетокот на јануари до 27 март Владата на канцеларот Шолц одобри извоз на воена стока во вредност од најмалку 4,89 милијарди евра. Во првата половина на 2023 година беа одобрени пратки во вредност од 5,22 милијарди евра.

Информацијата ја објави Министерството за економија на барање на пратеничката Севим Дагделен.

Речиси три четвртини од нарачаното оружје и воена опрема ќе и бидат доставени на Украина.

Второ место на листата на дестинации е Сингапур со 583,9 милиони евра. Следува Индија со 143,3 милиони, Саудиска Арабија со 126,4 милиони и Катар со 97 милиони евра.

Во 2023 година, вредноста на одобрениот извоз на оружје и воена опрема достигна рекордни 12,2 милијарди евра, вклучително и пратки во Украина во вредност од 4,4 милијарди евра.

To top