Свет одложена посетата на израел

Директорката на УНИЦЕФ повредена во сообраќајна несреќа на пат кон Газа

Расел е повредена, но нејзините повреди не се сметаат за сериозни.

Директорката на УНИЦЕФ повредена во сообраќајна несреќа на пат кон Газа

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска е повредена во сообраќајна несреќа во Египет на пат кон Појасот Газа, поради што морала да ја одложи посетата на Израел, соопшти УНИЦЕФ.

– На пат кон Рафа, веруваме дека се обиделе да избегнат голема дупка, поради што автомобилот поминал преку длабок ров и се превртел, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Кертис Купер.

Тој додаде дека Расел е повредена, но оти нејзините повреди не се сметаат за сериозни. Сепак, потребна и е дополнителна нега, поради што го одложила остатокот од посетата на регионот.

To top