Свет Кина

Џаи Шичен: Кинеската војска спровела еднонеделни рутински патроли во Јужното Кинеско Море

Џаи нагласи дека трупите на кинеската Јужна команда остануваат во состојба на висока готовност за решително да го заштитат територијалниот суверенитет и поморските права и интереси на Кина, објави Ксинхуа.

Џаи Шичен: Кинеската војска спровела еднонеделни рутински патроли во Јужното Кинеско Море

Јужната команда на кинеската војска од понеделникот до вчера спровела рутински поморски и воздушни патроли во Јужното Кинеско Море, изјави денеска портпаролот на војската, Џаи Шичен.

Тој изјави дека Филипините, во соработка, како што рече, со „одредена земја надвор од регионот“ организирале „билатерални воздушни патроли“, што го поткопало мирот и стабилноста во регионот.

Џаи нагласи дека трупите на кинеската Јужна команда остануваат во состојба на висока готовност за решително да го заштитат територијалниот суверенитет и поморските права и интереси на Кина, објави Ксинхуа.

Кина полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучувајќи ги и областите што ги полагаат Филипините, Тајван, Малезија, Индонезија, Виетнам и Брунеи.

Во 2016 година, Меѓународниот арбитражен суд пресуди дека тврдењето на Кина нема основа во меѓународното право, што Пекинг го отфрли.

Филипините објавија дека ќе продолжат со дипломатските активности за решавање на поморските спорови.

To top