Спасувачи пронајдоа 10 тела на индонезискиот остров Јава по лизгање на земјиште што затрупа неколку возила, соопшти денеска полицијата.
Кал, камења, откорнати дрвја и гранки поради силниот дожд вчера затрупа комбе со седум лица и пик-ап со три лица на источниот дел од островот Јава.
Сезонските дождови од октомври до април често предизвикуваат поплави и свлечишта во Индонезија, архипелаг од 17.000 острови каде што милиони луѓе живеат во планинските области. (МИА)