Десет лица се ранети во пукање пред ноќен клуб во Њујорк додека чекале да влезат на приватна забава, соопшти полицијата.
„Во 23 часот и 15 минути околу 15 луѓе стоеле пред ноќниот клуб ‘Амазура’ во Јамајка, Квинс. Четворица мажи пешки и се приближиле на групата млади од 16 до 20 години. Тројца или четворица од мажите отвориле оган врз групата, изјави началникот на патролата на Њујорк, Филип Ривера, на прес-конференција рано утринава.
Пред да избегаат, напаѓачите испукале околу 30 истрели. Потоа биле видени како влегуваат во автомобил седан со странски регистерски таблички.
„Имаме политика на нулта толеранција за овие бесмислени престрелки“, нагласи Ривера.
Тој додаде дека шест жени и четворица мажи се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Засега не е познат мотивот, но Ривера изјави дека не се работи за тероризам.