Австриската полиција денеска соопшти дека четири лица се тешко повредени откако се урнала кабина од жичница во скијачката област Хохец, во провинцијата Тирол.
Австриска новинска агенција јави дека врз жичницата паднало дрво.
Жичницата е привремено затворена.