Полската Изборна комисија денеска, по пребројувањето на гласовите од сите избирачки места, соопшти дека проевропскиот градоначалник на Варшава, Рафал Часковски, во првиот круг од претседателските избори освои најголем број гласови.
Според освоените гласови кандидатот на владејачката центристичка Граѓанска коалиција (КО), Часковски во вториот круг од претседателските избори, закажани на 1 јуни, ќе се соочи со националистичкиот историчар Карол Навроцки, кандидат поддржан од националистичката партија Право и првада (ПиС).
Часковски освои 31,36 проценти од гласовите наспроти 29,54 отсто од гласовите за Навроцки.
Според аналитичарите, победата на Часковски би овозможила да го прекине тешкиот меѓуинституционален соживот со шефот на државата во заминување, Анджеј Дуда, додека победата на Навроцки би можела дополнително да ја ослабне коалицијата и на крајот да доведе до предвремени парламентарни избори.
Излезноста на гласачите беше над 67 проценти, висок резултат за Полска, иако помал од рекордната излезност на парламентарните избори во 2023 година, на кои центристите дојдоа на власт. (МИА)