Свет WTI

Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци поради американските санкции за рускиот енергетски сектор

Цената на нафтата Брент во еден момент порасна на 81 долар за барел, а цената на американската нафта ВТИ (WTI) се движи околу 78 долари.

Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци поради американските санкции за рускиот енергетски сектор

Глобалните цени на нафтата денеска се искачија на највисокото ниво во последните четири месеци, бидејќи трговците се загрижени дека новиот бран американски санкции насочени кон рускиот енергетски сектор може да го наруши и намали снабдувањето на пазарот.

Според податоците на берзата, цената на нафтата Брент во еден момент порасна на 81 долар за барел, а цената на американската нафта ВТИ (WTI) се движи околу 78 долари.

Соединетите Американски Држави во петокот ги воведоа досега најагресивните и најамбициозни санкции за руската нафтена индустрија, насочени кон големите извозници, осигурителни компании и голем број танкери, од кои некои наводно се дел од таканаречената „флота во сенка“ која ги заобиколува досегашните санкции против Москва.

To top