Премиерот на Камбоџа, Хун Манет, изјави дека целта на денешните преговори во Малезија со тајландските власти е итен прекин на огнот долж спорната граница, каде петти ден се водат вооружени судири.
В.д. премиерот на Тајланд, Фумтам Вечајачај, пред заминувањето за Малезија ја обвини Камбоџа за недостиг на добра волја. – Не гледаме искрени намери во нивниот пристап. Треба јасно да покажат дека сакаат решение, изјави тој на аеродромот во Бангкок.
Преговорите се одржуваат попладнево во присуство на претставници од американскиот Стејт департмент, кои посредуваат во мировните напори.
– Сакаме овој конфликт да заврши што е можно побрзо. Претставници на Стејт департментот се веќе во Малезија за да помогнат, рече американскиот државен секретар Марко Рубио.