Германските царински службеници на аеродромот Келн/Бон откриле марихуана и хашиш скриени во минијатурни новогодишни елки и играчки.
Дрогата, вредна повеќе од 500.000 евра, вклучува 19 килограми марихуана и околу шест килограми хашиш, која потекнува од САД и Канада. Истата била откриена рано утрото на 6 декември, Денот на Свети Никола, кога во Германија започнува традицијата на новогодишни подароци.
„Шверцерите постојано се обидуваат да сокријат огромни количества дрога во новогодишни пратки“, соопштија од царината.
Дрогата е уништена, а била откриена во осум одделни пратки. (МИА)