Свет „руското цивилно население конечно треба да ја види реалноста на војната“

Буданов: Украина ќе ги зголеми нападите во Русија, за да се види реалноста на војната

-Населението да види како се палат магацините за нафта, се уништуваат фабрики и погони… Сето ова е корисно, рече Буданов.

Буданов: Украина ќе ги зголеми нападите во Русија, за да се види реалноста на војната

Шефот на Украинската Воена разузнавачка служба (ГУР) Кирило Буданов денеска се закани дека Украина ќе ги засили нападите врз инфраструктурата на руска територија, додавајќи дека е „корисно за Русите конечно да ја видат реалноста на војната”.

-Бројот на напади врз руската инфраструктура веројатно ќе се зголеми. Мислам дека овој план може да ги опфати сите главни критични и воени инфраструктури на Русија, рече Буданов на каналот Телеграм.

Тој додаде дека „руското цивилно население конечно треба да ја види реалноста на војната“.

-Населението да види како се палат магацините за нафта, се уништуваат фабрики и погони… Сето ова е корисно, рече Буданов.

Во последните месеци, Киев ги засили нападите врз руските нафтени и гасни постројки, по нападите на Москва врз нејзината енергетска инфраструктура.

Украина ја презеде одговорноста за неколку напади со беспилотни летала врз објекти во околината на Санкт Петербург.

Најнови вести од Свет

To top