Свет Форензичка служба

Бројот на загинати во шумските пожари во Чиле се искачи на 131

Некои светски агенции претходно јавија дека повеќе од 300 луѓе и денеска се водат како исчезнати, по шумските пожари во кои животот го загубија најмалку 123 лица.

Бројот на загинати во шумските пожари во Чиле се искачи на 131

Бројот на жртвите од шумскиот пожар во централниот дел на Чиле се зголеми на 131, соопштија денеска чилеанските власти.

Државниот истражител на Х соопшти дека се идентификувани само 35 тела.

Некои светски агенции претходно јавија дека повеќе од 300 луѓе и денеска се водат како исчезнати, по шумските пожари во кои животот го загубија најмалку 123 лица.

Властите ја проценуваат штетата по пожарот во Валпараисо, за кој велат дека е најсмртоносната катастрофа што го погодила Чиле од земјотресот во 2010 година, во кој загинаа најмалку 525 луѓе.

Локалните власти велат дека e можно пожарите да биде подметнати.

Чилеанскиот претседател Габриел Борич, кој денеска го посети погодениот регион, рече дека најмалку 3.000 куќи се изгорени бидејќи пожарот брзо се шири поради силните ветрови.

Пожарот почна во петокот во планинскиот дел на Виња дел Мар, приморско одморалиште познато по својот фестивал на кој настапуваат најдобрите латиноамерикански музичари.

Во пожарот беа зафатени и другите два града, Килпе и Вила Алемана.

Форензичката служба на Чиле соопшти дека многу од телата извлечени од пожарот се во лоша состојба и тешко се идентификуваат, но додаде дека нивните работници може да земат генетски материјал од роднините кои пријавиле дека нивни роднини се исчезнати. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top