Свет

Бројот на загинати во израелскиот напад врз кампот Нусеират се зголеми на 36

Во соопштението на палестинската цивилна одбрана се наведува дека во текот на ноќта се случиле два напади врз кампот, а во првиот била погодена зграда во која имало најмалку 100 луѓе.

Бројот на загинати во израелскиот напад врз кампот Нусеират се зголеми на 36

Бројот на Палестинци кои загинаа во нападот на израелските воени авиони врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа се зголеми на 36, соопштија денеска палестинските здравствени власти.

Во соопштението на палестинската цивилна одбрана се наведува дека во текот на ноќта се случиле два напади врз кампот, а во првиот била погодена зграда во која имало најмалку 100 луѓе.

Следниот напад се случил околу 2:45 часот на неколку стотини метри, според Палестинците. Се додава дека најмалку 25 тела биле префрлени во блиската болница Ал Акса во Деир Ал Балах, а по вториот напад, 11 тела биле префрлени во болницата Ал Авда, пренесува АНСА.

Палестинска агенција наведува дека во текот на ноќта израелските сили го бомбардирале западниот дел на градот Газа и бегалскиот камп Џабалија на северот на Појасот Газа. Медицински извори од Појасот Газа наведоа дека од почетокот на израелската војна во Газа загинале повеќе од 35.000 луѓе, а речиси 79.000 се повредени.

To top