Војник од британската армија загинал во инцидент во Украина додека ги гледал украинските сили како тестираат нова одбранбена опрема, соопшти британското Министерство за одбрана на социјалната мрежа „X“.
Инцидентот се случил далеку од фронтовската линија, додаде министерството.
-Скршени сме од смртта на британски војник во Украина“, рече министерот за одбрана Џон Хили. „Моите мисли се со неговото семејство, пријателите и колегите додека тагуваат по загубата на нивниот близок, додаде тој.