Свет Покрај зајакнатите безбедносни мерки

Бриселската полиција се подготвува за турбулентна новогодишна ноќ

Покрај зајакнатите безбедносни мерки, на шест лица познати на полицијата по предизвикување инциденти претходните години им е изречена мерката домашен притвор во текот на новогодишната ноќ.

Бриселската полиција се подготвува за турбулентна новогодишна ноќ

Сите шест полициски зони во Брисел се подготвуваат за уште една турбулентна новогодишна ноќ. Со цел да се обезбеди непречено одвивање на прославите, низ градот ќе бидат распоредени и дополнителни полициски припадници.

Покрај зајакнатите безбедносни мерки, на шест лица познати на полицијата по предизвикување инциденти претходните години им е изречена мерката домашен притвор во текот на новогодишната ноќ.

За подобра координација на активностите на шесте полициски зони ќе бидат ставени под единствена команда на началникот на полициската управа во бриселската централна градска општина Иксел, Мишел Гувартс, кој ќе раководи со наменски формираниот Регионален кризен центар.

Кризниот центар покрај активностите на полицијата, ќе ги координира и противпожарната служба, итната медицинска помош, јавниот градски превоз и работата на јавните обвинители.

Полицијата информира дека во споредба со претходните години ќе распореди повеќе персонал и ресурси, особено на оние локации каде што лани „работите излегоа од контрола“.

При дочекот на 2025 година, ширум Брисел беа опожарени 30-тина возила, беа оштетени неколку градски автобуси и трамваи и беа приведени 159 лица. Беа регистрирани и неколку напади врз полициски патроли и служби на брзата помош, при што полесно беа повредени четворица полицајци. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top